Бугарските хотелиери Арабаџиеви обвинети за перење пари и затајување данок

Обвинителите тврдат дека компанијата на Арабаџиеви испрала или проневериле најмалку 5 милиони евра, пред се преку луксузните хотели Марица во Пловдив и Маринела во Софија - поранешниот Јапонски хотел Витоша Њу Отани и Кемпински Хотел Зографски.

1019

Бугарското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело пријави против шест лица обвинети за перење пари. Според обвинението, еден од нив е Велчо Арабаџиев, син на бизнисменот Ветко Арабаџиев, кој е притворен на 72 часа. По таткото Ветко и мајката Маринела се трага со меѓународна потерница.

Обвинителите тврдат дека компанијата на Арабаџиеви испрала или проневериле најмалку 5 милиони евра, пред се преку луксузните хотели Марица во Пловдив и Маринела во Софија – поранешниот Јапонски хотел Витоша Њу Отани и Кемпински Хотел Зографски. Во полициската акција биле запленети и шест луксузни возила, како и пари во готово кои биле чувани во сефови и куфери. Водечката компанија на семејството пријавувала промет од 1.000 евра годишно, а реалниот промет бил над 600.000 лева, тврди заменик обвинителот Кирил Пејчинов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...