Бугарските медиуми утнаа, Гордана Јанкулоска ја помешаа со Гордана Силјановска

690

Бугарскиот портал 24 часа ја објави веста за намалувањето на казната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осудена во случајот „Тенк“, но направи голема грешка – веста ја илустрираше со фотографија од кандидатката за претседател, Гордана Силјановска.

Веста се однесува на денешната одлука на Апелацискиот суд со која ѝ се намалува затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години во случајот во кој беше осуден и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Унгарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...