Бугарска новинарка била силувана и убиена

Таа била и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

1308

Бугарска новинарка е силувана и убиена во градот Русе во северна Бугарија, јавија денеска локалните медиуми.

Новинарката Викторија Маринова (30) била убиена вчера и работела како истражувачки новинар.

Таа била и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Полицијата тврди дека нема докази дека убиството е поврзано со нејзината работа.

Органзиации за борба против корупција и членови на ЕП повикаа на целосна истрага за нејзината смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...