Бугарија се откажа од Евровизија поради финансиски причини

1576

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини. Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.

– Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ – се вели во соопштението.

ФОТО: Евровизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...