Бугарија бара инвеститори за нуклеарната централа „Белене”

Пријава за учество во постапката за избор на стратешки инвеститор, односно интерес за стекнување на малцински акционерско учество во проектната компанија можат да поднесуваат бугарски или странски правни лица, како и здруженија.

473

Бугарската националната енергетска компанија ЕАД објави оглас за прибирање понуди за избор на стратешки инвеститор за изградба на нуклеарната централа „Белене”.

Во огласот се дава можност и за поднесување на интерес за стекнување на малцински учество во идната компанија, како и можност само за купување на електрична енергија од идната електрана.

Целта на поканата е да се обезбедат одредени информации на страните кои сакаат да учествуваат во постапката.

Пријава за учество во постапката за избор на стратешки инвеститор, односно интерес за стекнување на малцински акционерско учество во проектната компанија можат да поднесуваат бугарски или странски правни лица, како и здруженија.

Рокот за прием на барања за учество е 90 дена од денот на објавување на повикот во Службениот весник на Европската унија.

Рок за завршување на процедурата е една година.

Предвидено е изградбата на централата да се реализира на пазарен принцип, без склучување долгорочни договори за откуп на електрична енергија од државата и обезбедување на државни гаранции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...