Не гледам пречка во тоа, шефицата на СЈО Катица Јанева да биде вршител на должноста додека законот се уште е во сила, истакна специјалниот јавен обвинител Гаврил Бубевски оговарајќи на новинарско прашање пред завршната конференција за реформите во правосудството од Блупринт групата.
– За било кој друг од внатре не гледам можност по Законот за специјално јавно обвинителство, затоа што тимот го избира специјалната јавна обвинителка. Но, меѓутоа, со толкување на одредбите од Законот за Јавно обвинителство за СЈО не е забрането да има, барем додека законот е во сила, односно уште една година да биде вршител на должноста. Не гледам пречка во тоа – рече Бубевски.