Бубевски: За обвинител ме избра Советот на обвинители, според ранг листа од Академијата

424

Откако на социјалните мрежи се појави извесен документ дека обвинителот Гаврил Бубевски, кој сега е дел од СЈО, во 2009 кога бил избран имало и препорака од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево, тој во изјава за „Фокус“ вели дека не може да каже дали станува збор за лажен докумет, но дека е избран за обвинител во Скопје од редовите на кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители.

„Јас не можам да кажам дали овој документ е лажен или не, видов дека датира од 2009 година и времето на сочинување одговара според времето на мојот избор на обвинител. Податоците во документот кои се однесуваат за мене лично се точни, иако јас сум по потекло од Берово, а според документот, сочинет е во општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Пехчево, и нема некоја логика во сето ова. Меѓутоа, да конкретизирам, јас сум избран за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје од страна на Советот на јавни обвинители, како кандидат за обвинител кој доаѓа од Академијата за судии и јавни обвинители. Во Академијата постоеше ранг листа врз основа на успехот и бодовите добиени во текот на обуката и според таа ранг листа јас бев на место кое ми овозможуваше да бидам избран за обвинител на тој јавен оглас, бидејќи  изборот на обвинители преку академијата се вршеше врз основа на ранг листата, и тој принцип е запазен, како прилично објективен критериум“, вели Бубевски.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...