Во центарот на Белград утрово била пронајдена мртва 52-годишничка, а покрај неа нејзиниот 44-годишен сопруг кој давал знаци на живот. Крај него имало и нож.
Според „Курир.рс“, неофицијално, мажот ја убил жената а потоа се обидел да си го одзеде животот и себеси. Откако ножот завршил во нејзиниот врат, несреќничката веднаш починала, а сопругот си ги исекол вените брзо потоа. Тој бил префрлен во болница.
– Имаа сложен брак и две деца. Едното беше болно, го лечеа од тумор на мозокот. Добри момчиња, нѐ поздравуваа – изјавила сосетката Косана Станојевиќ.
Таа го нарекла осомничениот „добар човек“, а убиената „прекрасна жена и мајка“.
– Имаа сјаен брак и убаво живееја. Пред неколку месеци паднаа во долгови. Почнаа да продаваат работи и некои недвижнини кои ги имаа за да се спасат – рекле роднини.
Видеото погледнете го тука.
ФОТО: Владимир Шпорчиќ / Курир.рс