Обновено Жената, инаку мајка на две малолетни деца, што била пронајдена мртва попладнево во Велгошти имала најлонска вреќа врз главата. Првичните информации укажуваат на убиство.
Портпаролот на СВР Охрид Стефна Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.
Денеска, по 17 часот се случило убиство во охридското село Велгошти, јавуваат локалните медиуми.
Веста ја потресе охридската јавност, a според првичните информации, станува збор за мајка на две деца, на возраст од околу 40 години, која била брутално убиена во нејзиниот дом.
Наскоро се очекуваат детали за убиството. Мотивите се уште не се познати.
Извор: Охрид прес