Видео од тепачка објавено на Фејсбук страницата Реално Кавадарци ја вознемири тиквешката јавност. Станува збор за физичка пресметка помеѓу неколку лица која започнала во бар, а потоа продолжина и на улица. Случајот е регистриран и во полицијата.
– Синоќа во 23 часот е пријавено дека во угостителски објект во Кавадарци, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.П.(43) од Крива Паланка, И.Ѓ.(43) од Кавадарци и А.М.(20) од светиниколското село Лозово од една страна и Л.Т. (34) од село Бегниште, кавадаречко од друга страна. Во физичката пресметка биле употребени и различни предмети – за Плусинфо информира Верољуб Додевски од СВР Велес.
Се работи на расчистување на случајот.