Брус Вилис продаде стан за 17,75 милиони долари

Луксузниот дуплекс има шест соби и четири бањи, како и приватна библиотека.

454

Американскиот актер Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продадоа својот луксузен стан во Њујорк со поглед на Централ парк за 17,75 милиони долари.

Како што пишува „Дејли мејл“, тие ја добиле бараната цена за станот кој го купиле во 2015 година. Сега го продале за 755.000 долари повеќе.

Луксузниот дуплекс има шест соби и четири бањи, како и приватна библиотека.

Претходно тоа биле два стана кои некој од претходните сопственици ги споил во еден.

Брус Вилис и Ема ќе се преселат во поскромен стан од 7,9 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...