Бројот на загинати при нападот во Стразбур порасна на пет

86

Јавното обвинителство на Париз синоќа соопшти дека починало уште едно лице повредено при нападот во Стразбур минатиот вторник, со што бројот на загинати се искачи на пет.

Обвинителството информира дека последната жртва е државјанин на Полска, без да наведе повеќе детали.

При нападот, кога ворружен напаѓач отвори оган на божиќниот базар во Стразбур, беа убиени три лица, а ранети вкупно 13.

Напаѓачот Шефик Шекат беше убиен во четвртокот при престрелка со полицијата, која два дена интензивно трагаше по него, откако по нападот тој исчезна во непознат правец. Полицијата сега трага дали Шекат имал соработници и помошници при извршување на нападот и криењето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...