Бројот на жртвите од несреќата кај Ниш се зголемил на пет, соопшти директорот на српската полиција Владимир Ребиќ. Триесет лица се повредени, од кои пет се моментално во операциони сали, а две лица се во тешка состојба.
Несреќата се случила кога воз удрил во автобус, при што од силината на ударот возот излетал од шините, а автобусот бил преполовен.
– Ова е како да има војна, во рок од 15 минути примивме 30 пациенти, а на 10 до 12 животот им е во опасност. Имаме десетина деца со повеќекратни повреди, тоа се тешки повреди и тие се на интензивна нега. Имавме вонредна ситуација, во рок од 10 минути пет пациенти влегоа во операциска сала. Операциите се во тек, а исходот е неизвесен – изјави докторот Миодраг Лазиќ, директор на Ургентниот центар во Ниш, кој работел и како воен хирург.