Бројот на жртвите во поплавите во Индонезија порасна на 104

31
ФОТО: EPA / BNPB / HANDOUT

Билансот на загинати во поплавите и свлечиштата што ја погодија индонезиската провинција Папуа се искачи на 104, додека 79 лица и натаму се водат како исчезнати, соопшти денеска портпаролот на Националната агенција за справување со кризи, Сутопо Нугрохо.

Тој нагласи дека во поплавите што започнаа во саботата, досега се регистрирани најмалку 160 повредени лица.

Според Нугрохо, најмалку 40 од загинатите не се идентификувани и тие утре ќе бидат погребани во масовна гробница.

Поради поплавите речиси 10.000 жители на погодените подрачја морале да ги напуштат своите домови и сега се сместени во времени прифатни центри.

– Луѓето се уште се трауматизирани и стравуваат од нови поплави, бидејќи дождовите не престануваат – информира Нугрохо.

ФОТО: EPA / BNPB / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...