Директорот на рускиот Институт за проблеми околу екологијата и еволуцијата „А.Н. Северцов” при Руската академија на науките, Вјачеслав Рожнов изјави дека бројот на белите мечки во Арктикот е стабилен, па можеби и дека е во пораст.
– Тоа сепак се стручни проценки. Гледаме дека мечките се среќаваат сè почесто, па претпоставуваме дека нивниот број се зголемува. За податоците да бидат точни, сепак треба тие да бидат потврдени со инструменти – објасни Рожнов.
За таа цел, според него, можно е да се користат и снимки од Вселената.