Младите каратисти на Макпетрол со две бронзени медали се вратија од 47. по ред карате турнир „Златен појас на Чачак“ за кадети јуниори и сениори-ки.
На победничкиот подиум се искачија Абдурахим Идризи во катекорија -55 кг. и Стефан Стојановиќ категорија -70 кг.
Тие во елиминацискиот дел имаа по три победи, и со помош на репасажните борби победија во директните борби за бронзените медали.
– Посебно не радува тоа што нашиот кандидат кој треба да обезбеди пласман на летната Олимпијада за млади категории Идриз Абдурахим јуниор -55 кг, на сите турнири на кои учествува во континуитет освојува медали. Се надеваме дека тој ќе продолжи со добри настапи и така ќе биде и на првиот квалификациски турнир за остварување на олимписка норма за млади спортисти кој треба да се одржи во месец мај во Софија, изјави тренерот Бошко Заборски.