Најпрочуениот бродвејски мјузикл Ени Јуниор, на македонски јазик, беше изведен во Филхармонијата.
Она што го направи овој настан спектакуларен е детската енергија проткаена во ликовите на Ени, господин Ворбакс, госпоѓа Хениген, Грејс Фарел, изведени од учениците од основните и средните училишта од Скопје и околината, и тоа Неда Димкова, Симеон Коруноски, Магдалена Алексовска, Лара Иванова, како и ансамблот на хорот Креативо.
Крео-Аксис, Здружението на граѓани за инклузивно и неформално образование и развој, кое всушност е организаторот на овој проект, го изготви првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци на македонски јазик.
Составен ден од бродвејскиот мјузикл Ени Јуниор на македонски јазик беа и двата проекта: „Подари карта за другарче” и „Подари книга за другарче”.
139 дечиња од СОС Детско село, Домовите за деца 25-ти Мај и 11-ти Октомври, како и од здруженијата „Дајте ни крилја” и „Проект Среќа” уживаа во изведбата на Ени Јуниор.
Покровител на изведбата беше Претседателот на надржавата, а на настанот беше присутна, неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.
Кабинетот на Претседателот обезбеди дел од донациските билети, новогодишни пакетчиња за децата – учесници, а коктелот по изведбата беше донација од Баталјонот на Воената Полиција на Армијата.