Бровина на полициски разговор за сликата од силувањето

435

Пратеничката на Демократската партија на Косово (ПДК) Фљора Бровина се јави денеска во полициската станица во Приштина, на сослушување во врска со фотографијата што ја објави вчера од говорницата на Собранието на Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Бровина вчера покажа фотографија на која се гледа како три лица во униформи силуваат една жена.

Бровина изјави дека жената на сликата е 35-годишна косовска Албанка, која таа лично ја познава, а која во војната во 1999 година била силувана од тројца српски војници, пред очите на нејзиното семејство. Според пратеничката на владејачката ПДК, сликата била пронајдена во фотографски апарат на друг српски војник, кој присуствувал на настанот.

По ова, неколку косовски медиуми објавија дека фотографијата е веројатно сцена од порнографски филм, пронајден на интернет-сајтови во Ирак, кои го користат како пропаганден материјал за да ги обвинат американските војници за наводно силување на ирачките жени.

Бровина ја објави сликата од наводното силување, како и една слика на починато седум годишно дете, за кое рече дека е жртва на силување од српските сили, на вчерашната седница на Собранието, на која беше усвоена „Резолуција за геноцидот на Србија за време на војната во Косово во 1998-99 година“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...