Брнс се сретна со независните пратеници, разговарале за законот за јавно обвинителство

319

Законот за јавно обвинителство бил тема на разговор на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс, која на својот Твитер профил објави дека одржала продуктивна средба за поддршка на реформите.

„Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење“, напиша Брнс на профилот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...