Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.
– Многу сум задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји – порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.
Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 92 гласа „за“ и два „не“ го изгласа пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.