Брнс: Одлично, Северна Македонија треба да ја посетите во 2020 година!

1006

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска на Твитер напиша дека не е изненадена што Северна Македонија се најде на третото место на листата на дестинации кои треба да се посетат во 2020 година, на компанијата за туристички водичи „Лонли планет“ (Lonely planet).

– Бидејќи имав можност да посетам некои од градовите тука, да пешачам низ убавите планини и да ја вкусам добрата храна, ова не доаѓа како изненадување. Северна Македонија е рангирана на третото место на листата на земји што треба да ги посетите во 2020 година. Одлично! – напиша амбасадорката на САД на Твитер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...