Учесниците на белградската Парада на гордоста под слоганот „Кажи ДА“, прошетаа на главните улици на Белград и малку по 15 часот пристигна во Студентскиот парк.
Прошетката помина мирно и ја обезбедуваа помал број полицајци отколку во претходните години.
Учесниците ги предводеше премиерката Ана Брнабиќ, а во Парадата учествуваше министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ и министерот за државна администрација Бранко Ружиќ.
Присутни беа амбасадорите на САД Кајл Скот, на Франција Фредерик Мондолони, на Норвешка Арне Сане Бјорнстад, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици.
За време на прошетката граѓаните од некои тераси фрлаа конфети, а учесниците носеа балони со бои на виножитото.