Брнабиќ: Не поднесувам оставка, не се согласувам со уцени

393
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Нема да поднесам оставка, ниту се согласувам со ултиматуми и уцени, одговори денеска српската премиерка Ана Брнабиќ во Крагуевац на новинарски прашања како гледа на барањето на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) за оставка на државниот врв.

– Тие не треба да го чекаат 13 април (опозицискиот митинг), може да продолжат да ни се закануваат, да ни кажат дали и мене ќе ми го спречат движењето, дали ќе ја блокираат Владата или мојата куќа, што следно ќе сторат, бидејќи на никакво насилство, ниту на било каква уцена и ултиматум нема да се согласиме – рече Брнабиќ.

Тоа е, рече Брнабиќ, ултиматум на луѓе кои покажаа дека демократијата сакаат да ја спроведат преку насилство на улиците, со бесилки и тестери.

– Не се уплашив, а ниту владата се уплаши од заканите, бесилките и електричните тестери. Ние ја почитуваме демократијата, Србија е општество на пристојни и нормални луѓе и никогаш нема да се согласиме со ултиматуми од силеџии и фашисти – истакна Брнабиќ.

Учесниците на протестот „Еден од пет милион“ одржан во Белград во саботата побараа оставка на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието Маја Гојковиќ, наведувајќи дека ако не бидат исполнети нивните барања, повторно ќе се соберат во сабота, на 13 април, кога ќе му испратат порака на „узурпаторскиот режим“

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...