Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека изјавите на приштинските власти дека на Косово ќе му припаднат три општини од централна Србија немаат врска со реалноста и со умот.
Таа им порача да се обидат да се вратат во реалноста и да сфатат кои се правилата на однесување во 21. век.
– Да одиме на дијалог и соработка, а не на подигнување бариери, истакна Брнабиќ пред новинарите во Белград.
Косовскиот пшретседател Хашим Тачи изјави дека ќе поднесе оставка или ќе распише референдум доколку Собранието не го одобри договорот со Белград, според кој на Косово ќе му припаднат српските општини Бујановац, Прешево и Медвеѓе.
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON