Бритни Спирс: Татко ми ме тераше да се дрогирам, па ме смести во ментална установа ФОТО

Бритни на суд пред судијата изјавила дека нејзиниот татко пред еден месец ја натерал да оди во установа за ментално здравје.

1385

Пејачката Бритни Спирс (37) тврди дека нејзиниот татко Џејми (66) ја терал да се дрогира, а потоа ја сместил во установа за ментално здравје против нејзината волја, пренесува „Сан“.

Иако Бритни на суд пред судијата изјавила дека нејзиниот татко пред еден месец ја натерал да оди во установа за ментално здравје, нејзината мајка Лин (64) ги негирала обвинувањата.

Извори за странските медиуми тврдат дека Бритни престанала да прима лекови што ја држат под контрола во нејзиното однесување. Таа побарала поголема слобода, но судијата тоа не го одобрил. Пејачката ќе биде оценета од експерт пред да се донесе одлука.

Џејми е задолжен за имотот на неговата ќерка, бидејќи таа имаше нервен слом пред десет години. Сепак, и покрај овој договор, тој нема овластување да ја носи во ментална институција или да ѝ дава разни супстанции  без нејзина согласност.

Минатиот месец, обожавателите на пејачката ја започнаа #FreeBritney кампањата, обидувајќи се да докажат дека таа е под контрола на нејзиниот татко без никаква потреба.

Бритни  на социјалните мрежи редовно ги информира фановите како закрепнува, а во една прилика објавила и дека вежба јога. Пријателите тогаш била убедени дека тоа не го објавила таа.

– Бритни никогаш не става проред меѓу речениците, продолжете да нѐ убедувате дека таа тоа го објавува – бил еден од коментарите, а другите околу тоа се согласиле.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...