Бритни Спирс, наводно, го изгуби старателството над своите деца, бидејќи едното дете било нападнато од таткото на пејачката, Џејми Спирс.
Поранешниот сопруг на поп-ѕвездата, Кевин Федерлајн, го пријавил Џејми Спирс на 25 август во полиција, дека наводно го нападнал неговиот постар син Шон.
Американскиот портал ТМЗ јавува дека наводниот конфликт се случил на 24 август во домот на Џејми. Дедото и внукот се скарале, а во еден момент Џејми наводно го удрил силно детето при што паднало на земја, но за среќа, Шон не е повреден.
Детали за несреќниот настан се појавија во јавноста откако американските медиуми дојдоа до судските документи, во кои се гледа дека Федерелин добил 70 отсто старателство над децата, додека Бритни добила право на 30 отсто посети без надзор.
Бритни и Кевин досега го делеа старателството. Тие наводно го имале овој договор од август 2018 година, но дури сега е официјализиран.
Од друга стран, „Бласт“ пишува дека Бритни го изгубила старателството над децата.
ФОТО: Инстаграм