Британските „Fish and chips“ и лимон торта на Светскиот пикник во Скопје

260

Сите љубители на британската кујна ќе имаат можност да ги вкусат автентичните „fish and chips“ и лимон торта на Светскиот пикник, кој ќе се одржи на 9 јуни од 12 часот во Градскиот парк во Скопје.

Штандот на Велика Британија ќе биде претставен од „Комфи ангел“, компанија која на домашниот пазар е присутна од 2004 година чија основна дејност е производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови постелнина, како и компанијата „АрцелорМиттал“ Скопје, еден од најголемите производители на челични производи на Балканот која на домашниот пазар е присутна од 2006 година.

Компаниите членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, инспирирани од традицијата и културата на земјата од каде што потекнуваат, во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа Светскиот пикник.

Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билети ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...