Само една приказна се појавува на насловните страници на британските дневни весници: Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) се повлекуваат од кралската должност и ќе станат финансиски независни.
На фотографиите се прикажани насловните страници на денешните дневни весници во Велика Британија.
„Сан“: „Почна војната откако Меган и Хари отстапија од должноста. Кралицата, Чарлс и Вилијам се бесни.“
„Дејли телеграф“: „Хари и Меган ја напуштија Фирмата“.
„Тајм“: „Меган и Хари се откажаа од кралските титули.“
„Метро“: „Хари и Меган: Даваме отказ.“
„Гардијан“: „Меган и Хари отстапија како постари членови.“
„Дејли мејл“: „Кралицата е бесна, а Меган и Хари велат: Даваме отказ.“
„Дејли мирор“: „Дури не ѝ ни рекоа на кралицата.“