На Би-би-си синоќа беше прикажано интервјуто со Вирџинија Робертс, жената која тврди дека била присилена да има сексуален однос со принцот Ендру во времето кога тој бил близок пријател на милијардерот педофил Џефри Епштајн.
Вирџинија, која тврди дека двајцата ја силувале кога имала само 17 години, изнела тешки обвиненија на сметка на синот на кралицата Елизабета, која поднесе оставка од сите кралски должности поради скандалот со Епштајн.
Кралицата, исто така, ја исфрли и неговата канцеларија од Бакингемската палата, а многумина сметаат дека принцот повеќе нема да се врати на кралските должности.
Робертс на Би-би-си ги прераскажала главните детали од нејзината врска со принцот.
– Ми рекоа дека морам да го усреќам исто како и Џефри. Не можам да кажам не, затоа што Епштајн го очекуваше тоа од мене. Принцот Ендру беше ужасен додека танцувавме и цело време се потеше. Неговата пот капеше врз мене – рекла Вирџинија, која тврди дека спиела со Ендру неколкупати, а во една прилика, наводно, имале и оргии.
FOTO: Skrinsot/Jutjub