Британскиот Мекдоналдс со бесплатни чизбургери поради „Синиот понеделник“ – најмизерниот ден во годината, пренесува „Метро“.
Луѓето ќе треба само да симнат апликација и да си направат акаунт и не треба да купуваат ништо друго.
Понудата ќе трае пет дена.
Некои истражувања покажале дека „Синиот понеделник“ е најдепресивниот ден од годината поради времето, долгот, завршувањето на Божиќ, пропаѓањето на импресиите од Нова Година и долните нивоа на мотивација.