Британката Ебони Стивенсон заспала со мачнина и се разбудила четири дена подоцна, а на нејзино големо изненадување – веќе била мајка.
Имено, тинејџерката од градот Олдам дури не ни знаела дека е бремена, од причина што има две матки. Едната продолжила со менструалните циклуси, па немало никакво навестување… Освен тоа, тинејџерката немала изразени признаци за бременост, оти матката со плодот ѝ била поблиску до грбот, објави Би Би Си.
На 2 декември Стивенсон си легнала со главоболки и лесна мачнина. Оттогаш, таа не се сеќава на ништо, но мајка ѝ ја нашла без свест во бањата и повикала брза помош.
Во болницата ја породиле со царски рез.
На 6 декември, Ебони дошла при свест и дури тогаш дознала дека има дете, односно ќерка.
Бебето било тешко 3,450 килограми и се родило навреме, во деветтиот месец.