Британската студентка Аланда Катленд загина при пад од авион „цесна“ за време на студиско патување на Мадагаскар.
Полицијата соопшти дека таа паднала од авионот десетина минути по полетувањето, кога леталото било на висина од повеќе од 1.000 метри.
Според „Индипендент“, локалната полиција истражува дали студентката од Кембриџ сама ја отворила вратата и скокнала од авионот.
Нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено.