Британската полиција приведе 55 лица поради злоставување девојчиња

68

Британската полиција приведе 55 мажи во рамки на истрагата за сексуална злоупотреба на седум девојчиња во северниот дел на Англија, во периодот од 2002 до 2009 година.

Истрагата е покрената откако седум жени од Западен Јоркшир, Дазбери и Бетли обвинија дека биле злоставувани додека биле девојчиња.

Полицијата информира дека приведените мажи биле сослушани и ослободени, но нагласи дека истрагата за овој случај продолжува.

– Сексуалното злоставување и експлоатација на децата е одвратно злосторство, што влијае врз некои од најранливите членови на нашето општество – изјави полициксиот инспектор Јан Торнс, кој раководи со истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...