Бакингемската палата објави оглас за мијач на садови на сајтот „Ројал хаусхолд“. Новиот член на персоналот во кујната годишно ќе заработува 22.000 евра, а ќе му биде обезбедена храна во палатата и 33 дена годишен одмор.
Во огласот се наведува дека искуството не е услов, но се бара „тимски играч со иницијатива“.
„Одржувањето на кујната и хигиената ќе им овозможи на нашите готвачи и помошници соодветно да ја подготвуваат храната. Лицето повремено може да биде ангажирано околу подготвувањето на храната“, стои во огласот.
Поранешниот шеф на кујната во Бакингемската палата Дарен Макгрејди неодaмна изјави дека резиденцијата на кралицата Елизабета Втора е „прекрасно место за работа“.
– Готвењето во Бакингемската палата е неверојатно. Имав се што очекував. Има храна со најдобар квалитет, најдобри состојки и добивате неверојатен производ – истакна Макгрејди.
Тој во моментов има сопствена кетеринг компанија во Далас.