Британка на Косово заразена од коронавирус?

1112

Британка се наоѓа на Универзитетската Клиника за инфективни болести во Приштина поради сомнение дека е заразена со коронавирус, пишуваат косовските медиуми.

На вонредната прес-конференција, косовскиот министер за здравство Арбен Витиа рече дека се работи за државјанка на Велика Британија, која што работи во Косово.

Тој најави дека пациентката освен што кашла, нема температура ниту какви било други симптоми на коронавирус, но се јавила на клиника затоа што неодамна престојувала на локација каде што имало заразени од вирусот.

Витиа не верува дека жената е заразена со коронавирус и најави дека резултатите ќе бидат готови на полноќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...