Британец ја избодел девојката до смрт, а сега кажал пред судот дека таа не му давала ни да си направи чај. Според неговите зборови, насилството кое го трпел од неа траело подолго време, пренесува „Метро“.
Триесет и тригодишниот Мајкл Форан ја задушил, па ја избодел Џун Џоунс во вратот и срцето. Немилиот настан се случил лани во декември. Потоа Форан го криел нејзиното тело во када три недели, кажувајќи му на оние кои ја барале дека е со пријателки.
Утрото на Нова година полицијата упаднала во неговиот стан, а тој се криел и гледал. Потоа тој ја повикал својата мајка Кристина.
– Ќе бидам обвинет за убиство. Ме излудуваше веќе десет години – рекол тој и побарал од неа да го прикрие.
Но, неговата мајка му кажала дека тој треба да се пријави во полиција, по што Форан избегал.
Форан е уапсен пет дена подоцна, а сега пред судот го призна дека го извршил злосторството, но дека не го планирал.
Во судница се читале транскрипти од неговите разговори со неговата мајка.
– Низ пекол минував за тоа семејство. Не можев да излезам надвор без да се расправаме. Кога збеснав, збеснав. Тоа е тоа што го добиваш. Таа ме притискаше со години. Се каам за тоа што го сторив. Не сакав да го направам тоа. Ме контролираа, ме срушија. Не можев да си направам ни чај дома. Ми беше доста. Ја сакав, но ме скршија. Доволно е – биле неговите зборови.
Судењето продолжува.