Британец синоќа возејќи автомобил „мицибуши“ удрил велосипедист на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје по што повредениот велосипедит е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и задржан на лекување.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 20,15 часот кога 51-годишниот Џ.П. од Велика Британија со место на живеење во Бугарија удрил во 39-годишниот М.П.
Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.