Британец брутално силувал девојка на Мајорка, тортурата траела два дена

Тој рекол дека жрвата му предизвикала огромна болка и оти таа сега треба да му врати и да ја почувствува болката и самата.

367

Британец сексуално злоставувал девојка цели два дена. Дваесет и осумгодишниот Дилан Рори Роџерс ја силувал жртвата откако ја обвинил дека гледа во други мажи на плажа на Мајорка. Според обвинителите, тој ја понижувал 23-годишната девојка, фрлал јајца кон неа, велел дека таа е негов роб, ја удирал нејзината глава од ѕидот и со рацете го стегал нејзиниот врат, пренесува „Метро“.

Роџерс дури ја зел нејзината сим картичка од мобилниот телефон, за да покаже кој е главен.

Тој рекол дека жрвата му предизвикала огромна болка и оти таа сега треба да му врати и да ја почувствува болката и самата.

– Неговите зборови биле дека не се грижи дали ќе ја убие или ќе ја затвори нејзината уста со селотејп – велат обвинителите.

Според нив, таа успеала да избега, на себе имала само крпа, од осми спрат и побарала помош од сосед.

Обвинителите бараа 34-годишна казна затвор, но откако тој призна, доби само девет години. На Роџерс му беше кажано дека не смее да се приближи или да се обиде да контактира со жртвата 21 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...