Брестовац го строи ракометарите за Турција и Грција

178

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за последните два квалификациски натпревари на Европското првенство.

На списокот на тренерот Данило Брестовац се наоѓаат 22 ракометари, кои ќе бидат во трка за 16 места, кои ќе ја сочинуваат репрезентацијата на натпреварите со Турција и Грција.

На првиот собир на ракометарите, отсуствуваше Кире Лазаров, кој синоќа доцна го одигра последниот натпревар на француското првенство со тимот на Нант, а Филип Талески се очекува утре да се приклучи на групата, бидејќи вечерва ќе го одигра последниот натпревар во германската Бундеслига.

Следното европско првенство се одржува следната година, а домаќини ќе бидат три европски држави Шведска, Норвешка и Австрија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...