Жена која била во осмиот месец од бременоста избодена е со нож до смрт во Лондон, а нејзиното бебе е во тешка состојба, соопшти британската полиција.
Во соопштението се наведува дека полицајците на југот на Лондон ја пронашле тешко повредената бремена жена, а нејзиното бебе е префрлено во болница.
Уапсен е триесет и седумгодишен маж поради сомнение дека извршил убиство.
Британската премиерка Тереза Меј со соочува со критики поради намалувањето на буџетот за полицијата и социјалните служби со што допринела за растот на бројот на извршени напади со ладно оружје.
Според официјалните податоци, 285 убиства со нож се извршени во Англија и Велс во текот на минатата година што е најмногу од почетокот на бележењето податоци од пред повеќе од 700 години.