Бремената Карен Тарнер (31) на смрт ја изболе непознати лица додека спиела заедно со синот и сопругот во луксузното одморалиште во Јужна Африка, пренесе „Скај њуз“.
Тарнер била убиена во вторникот околу 3 часот по полноќ по локално време, еден ден откако го прославила својот 31. роденден. Напаѓачите го прободеле и нејзиниот сопруг Метју (33), но тој го преживеал нападот.
Двајца мажи вооружени со ножеви провалиле во куќата со поглед на плажа, која се наоѓала во природниот резерват Хлулека на брегот на провинцијата Источен Кап. Карен Тарнер, учителка од Ундерберг, починала набргу по нападот, кој не го преживеало ниту нејзиното неродено бебе.
Метју Тарнер го преживеал нападот и бил пренесен во најблискиот град каде бил подложен на операција. Синот кој спиел со нив во креветот не е повреден.
Динео Коена, портпаролката на полицијата, изјавила дека нема знаци на насилно влегување во објектот, но дека сè во куќата било превртено наопаку.
„Не се работело за грабеж затоа што не се одземени никакви скапоцености“, додала таа.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата изјавиле дека идентификувале еден од осомничените.
Семејството Тарнер престојувало во луксузното одморалиште за да го прослави роденденот на Карен. Двојката била во брак од 2017 година, а сопственици се на фарма во Ундерберг во Јужна Африка.
ФОТО: Принтскрин