Бремената Кристина Кулчар, која со нож и вила ја уби својата свекрва, Ибоја Варга, била апсена и претходно поради претепување на жена, но и на својот син, кој имал само две години.
– Кристина го претепа нашиот постар син толку многу, што кутриот целиот беше син од ќотек. Едвај го спасивме. Полицијата тогаш ја однесе во болница, но таа не се смири. Претепа една жена, како што слушнав, без никаква причина. Ја нападнала во канцеларија. Поради тоа месец дена беше во затвор – рекол нејзиниот сопруг и синот на убиената.
Тој рекол дека уште додека се забавувале, забележал дека е чудна.
– Потоа дознав дека и порано имала психички проблеми. Нејзиниот татко на тоа знаеше да ми каже „Кристина е понекогаш нервозна“. Среќа што моите деца не го виделе убиството на нивната баба – рекол тој.
Додал дека не знае што ќе биде со нивното бебе кое е на пат.
– Не знам што да кажам. Доколку ми дозволат, ќе бидам старател откако ќе се породи во затворот. Дознавме дека ќе имаме уште едно момче. Сега ми е најважно да најдам некоја жена во селото која ќе се грижи за нашите синови, кои имаат две и четири години – рекол Золтан.
ФОТО: Курир.рс / Саша Урошев