Бред Пит се разголе на 55 години, жените полудеа ФОТО

Некои рекле дека Бред Пит изгледа толку добро на 55-годишна возраст, додека други признале дека уживале во сцената.

2933

Американскиот актер Бред Пит (55) во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ го отелотворил ликот на Клиф Бот, а овојпат го воодушевил женскиот дел од популацијата.

Во една сцена Бред се наоаѓа со Леондардо Дикаприо на кровот, за да ја поправи антената. Бред тогаш ја соблекува кошулата, а обожавателките своето воодушевување го покажале на социјалните мрежи. Тие искоментирале дека актерот изгледа подобро отколку кога ја соблекол маицата во филмот „Телма и Луиз“ од 1991 година.

„По ѓаволите, Бред знаеше дека не треба да ја соблече кошулата за да ја поправи антената, но тоа го направи поради нас“, е само еден од коментарите на обожавателките.

Исто така, некои рекле дека Бред Пит изгледа неверојатно добро на 55-годишна возраст, додека други признале дека уживале во сцената.

Ова е првпат двајцата холивудски заводници да глумат заедно, а нивната соработка и самиот режисер Квентин Тарантино ја опишал како највозбудлив тандем после Роберт Редфорд и Пол Њумен.

FOTO: Fejsbuk

FOTO: IMDB/24sata.hr

Brad Pitt

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...