Бред Пит само што не заплака на доделувањето Оскари: Сите се надеваа дека ќе се појави и Џенифер Анистон! ВИДЕО

962

Иако многумина очекувале поранешната сопруга да се појави како негова придружба на најпрестижната филмска манифестација, тоа не се случило

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 92. доделување на Оскарите, а меѓу холивудските ѕвезди што се закитија со познатата златна статуетка се најде и Бред Пит (56).

Имено, холивудскиот актер освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, но колку беше изненаден поради тоа, се виде кога за време на говорот едвај ги задржа солзите.

– Ова е неверојатно. Ова е голема чест. Господине Тарантино, вие сте посебен, вие сте голем, без вас индустријата не би била иста. Лео, благодарам за коктелите. Би сакал многу да им се заблагодарам и на останатите членовите од тимот. Се сеќавам кога моите родители ме носеа во кино, кога се доселив тука. Ова е за моите деца. Навистина си беше еднаш во Холивуд – изјави Бред Пит држејќи ја статуетката во рака.

Последниве неколку недели многу се шпекулира за смирувањето на поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон (50), па се претпоставувало дека актерката ќе се појави со него на доделувањето како негова придружба. Но Бред, сепак, се појавил со својата мајка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...