Бред Пит менува професија: Глумата е игра за млади

Последниве години Бред Пит прифаќа сè помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија.

1512
ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Американскиот актер, продуцент и активист Бред Пит ги изненади обожавателите со изјава во интервју за австралиски „Џеј Кју“. 55-годишниот холивудски шармер рече дека сѐ помалку ќе се појавува пред камерите.

Во интервју за јулскиот број на австралиското издание на „Џеј Кју“, Бред Пит призна дека планира постепено да се повлече од филмската индустрија.

Пит не планира во целост да го напушти Холивуд бидејќи сака да ѝ се посвети на продукцијата.

– Навистина уживам кога ќе се најдам зад камерите, од продуцентската страна – изјавил Бред за „Џеј Кју“.

„Сè помалку глумам. Навистина сметам дека тоа е игра за млади, не е дека нема место за постарите ликови, само мислам дека тоа е природниот тек на нештата“,  признава 55-годишниот актер.

Тој зборувал и за новите платформи за филмови и серии за кои смета дека се добри, бидејќи откриваат колку талентирани сценаристи и режисери има, кои благодарение на сервисите како Нетфликс, имаат прилика да се покажат.

Последниве години Бред Пит прифаќа сè помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија.

ФОТО: EPA / FRANCK ROBICHON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...