Иако од филмот се поминати 22 години, бројните обожаватели до ден-денес не можат да го преболат начинот на кој умира Џек, ликот кој Леонардо Дикаприо го толкуваше во „Титаник“.
Некои дури и се обидувале да докажат дека Џек можел да се качи на вратата со Роуз и да преживее. Режисерот Џејмс Камерон пробал да им стави крај на ваквите расправии, раскажувајќи ја својата страна од приказната, но се чини дека тоа не му успеало бидејќи истото прашање било споменато и во неодамешното интервју со Леонардо Дикаприо.
Во текот на заедничкото интервју за МТВ, Бред Пит го прашал актерот: „Зарем не можеше да се „стиснеш“ со неа?“.
– Немам коментар – одговорил Лео.
Со нив била и актерката Марго Роби која исто така имала прашање за актерот.
– Зарем не можеле да направат поголема врата? – се запрашала таа.
– Немам коментар – повторил Лео, смеејќи се.
Неговата колешка од филмот, Кејт Винслет која ја толкуваше Роуз, пред три години признала што мисли за таа сцена:
– Мислам дека и двајцата можевме да се качиме и да се спасимe – признала Кејт во шоуто на Џими Кимел.