Бредли Купер „уловен“ со двегодишната ќерка во јавен превоз ФОТО

Актерот Бредли Купер скришно бил снимен од еден од патниците во метро, заедно со неговата двегодишна ќерка Леа де Сена, која ја доби со топ-моделот Ирина Шајк.

891

Актерот Бредли Купер скришно бил снимен од еден од патниците во метро, заедно со неговата двегодишна ќерка Леа де Сена, која ја доби со топ-моделот Ирина Шајк.

Откако фотографиите излегоа во јавност, актерот објасни дека сака да живее нормален живот како и секој друг човек и дека има желба да ја научи ќерка му од мали нозе да користи јавен превоз.

Бредли и Ирина ја прекинаа четиригодишната врска пред неколку месеци, а се договорија да имаат еднакви родителски права, пренесе порталот ТMЗ. Според нив, Ирина и Бредли сакаат да останат пријатели и заеднички да ја одгледуваат својата ќерка.

Двајцата се согласиле да живеат во Њујорк, за нивната ќерка да поминува подеднакво време со двајцата. Претходно, Бредли и Ирина живееја во заедничка куќа во Лос Анџелес, но Ирина се отсели кога раскинаа и се врати во Њујорк каде што има стан.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...