Брегзит и распуштање на британскиот Парламент

Парламентот ќе биде суспендиран на пет недели пред 31 октомври датум кога Лондон треба да ја напшушти ЕУ. Тоа е за девет недели.

430

Новиот британски премиер Борис Џонсон покрена суспензија на Парламентот на Велика Британија, и со тоа пратениците ќе имаат многу малку време да расправаат за брегзит, процес за напуштање на Европската унија.

Парламентот ќе биде суспендиран на пет недели пред 31 октомври датум кога Лондон треба да ја напшушти ЕУ. Тоа е за девет недели.

Политичари од двете страни на дебатата за брегзит тој потег го нарекуваат државен удар. Џонсон сака ново парламентарно заседание од 14 октомври.

Наместо вообичаена тринеделна есенска пауза Парламентот става клуч на 10 септември. Парламентот секоја година престанува со работа на неколку недели, но ова не е нормална пауза – Џонсон го прекинува парламентарното заседание во критичен момент.

Британија првично требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Парламентот одби договор во три наврети за кој се преговараше со ЕУ. Сега датумот е 31 октомври.

Мнозинство опозициски пратеници како и многумина од владејачката Конзервативна партија не сакаат напуштање на ЕУ без договор.

Правно оспорување на суспендирањето на Парламентот би било тешко бидејќи владата не крши ниту еден закон. Едноставно се користи парламентарната процедура додека Џонсон се обидува да исполни ветување што го даде за време на кампањата – да го извлече Лондон од ЕУ.

Пратениците може да се согласат со суспензијата или може да покренат избори со изгласување недоверба на владата.

Претседавачот со Долниот дом на Парламентот, Џон Берков ја оквалификува суспензијата како „уставна срамота“ што е смислена за да спречи пратеници да расправаат за брегзит.

Кралицата може да има некакво влијание, но многу ограничено. Технички владата мораше да бара од неа дозвола да биде суспендиран Парламентот. Тоа е обична формалност – доколку одбиеше тоа би бил потег без преседан.

Парламентот ќе продолжи со работа на 3 септември, но веднаш ќе замине на пауза. Ако работите се одвиваат како што сака Џонсон, Парламентот ќе почне со работа на 14 октомври. Но, ако пратениците изгласаат недоверба пред 10 септември, може да има избори во октомври. Според анкети, Конзервативците се во водство со околу 31 отсто. Главната опозициска Лабуристичка партија има околу 21 отсто поддршка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...