Со изградбата на оваа детска градинка во Општина Брвеница, кадешто досега немаше објект за згрижување на деца, ги реализирамe стратешките цели за вклучување на децата, особено на најмладите од руралните средини во системот на детската заштита, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска при увидот на градежните активности на новата градинка во Општина Брвеница.
– Наша крајна цел е да го зголемиме опфатот на деца во предучилишното образование за 50 отсто, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамоштниот развој на секое дете. Како Влада продолжуваме посветено да градиме по план и да инвестираме во иднината на нашата држава – изјави Царовска.
За изградба и опремување на градинката во Брвеница МТСП издвои средства во износ од околу 26,6 милиони денари.