Брајан Адамс за првпат во Македонија на 13 ноември

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум.

347

По Лени Кравиц, Стин и Ерос Рамацоти,во Скопје доаѓа еден од
најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови и истовремено големи песни – Брајан Адамс.

На 13 ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за првпат во живо ќе се слушнат „Summer of 69“, „Heaven“, „Please Forgive me“, „Everything I do (I do for you)“, „Have You Ever Really Loved a Woman“ и многу други.

Брајан Адамс доаѓа во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Shine a light“, наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.
Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10 јуни во 9 часот наутро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...